Спасовски потврди дека Зоран Ангеловски ќе биде именуван за директор на ОТА


Зоран Ангеловски треба да биде именуван за директор на Оперативно техничката агенција ОТА, потврди министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на општина Велес.

– Пред неколку дена најавив дека има постигнато согласност. Денеска треба да има седница на Комисија за избори и именувања во Собранието на Република Македонија и доколку се одржи не гледам причина да биде именуван директорот на ОТА. Со тоа би се направил најзначајниот чекор за фунционирање на оваа агенција, рече Спасовски во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Велес.