Соученик барајќи пари уценувал 15 годишно девојче во Куманово


 Соученик барајќи пари уценувал 15 годишно девојче во Куманово дека ќе каже компромитирачка информација за нејзините родители, информираше денеска СВР Куманово.

Случајот во полицијата, вчера го пријавила 49 годишната мајка на девојчето. Во соопштението на СВР Куманово се наведува дека жената пријавила оти нејзината 15 годишна ќерка била уценувана од нејзин соученик кој со намера за себе да прибави противправна имотна корист и се заканувал дека ќе каже компромитирачка информација на нејзините родители и од неа барал 5.500 денари.

Полицијата презема  мерки за расчистување на случајот.