Случајот „Тотал“ на СЈО одложен на барање на одбраната
Поради барање на одбраната денеска во Кривичен суд беше одложен предметот „Тотал“ на Специјалното јавно обвинителство.
Во „Тотал“ е осомничен новинарот Драган Павловиќ-Латас за затајување данок.
Според обвинението на СЈО, осомничениот давал лажни податоци во завршните сметки и даночните пријави при што преку правните лица затаил данок во износ од 7.466.981 денар или 121.414 евра, а лично физичкото лице затаило 3.876.471 денар или 63.032 евра.