Секој шест вози пијан


Секој шести возач на скопските улици за време на саботните забави е под дејство на алкохол. Тоа го покажуваат резултатите од синоќешната акција на полицијата, која во периодот од полноќ до пет часот наутро контролираше 209 возачи.

„Кај 38 од нив е утврдено присуство на алкохол во крвта. По однос на констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 38 мерки. Исклучени се 38 возачи од сообраќај, издадени се 38 мандатни платни налози и откриени се 23 останати прекршоци“, велат од Министерството за внатрешни работи.