Седумнаесет години од масакрот кај Вејце


Денеска навршуваат седумнаесет години од масакрот на македонските бранители кај Вејце.  Од заседа беа свирепо убиени осуммина припадници на безбедносните сили.

Во масакрот кај Вејце кој се смета за еден од најкрвавите и најбрутални злочини во поновата историја на Република Македонија, животите ги загубија Роберт Петковски од Бунарџик, Скопје, Бобан Трајковски од Куманово, Игор Костески од Скопје, Миле Јаневски од Македонска Каменица, Марјан Божиновски од Битола, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски од село Горно и Долно Оризари, Битола и Илче Стојановски од Породин.

Масакрот се случи откако конвојот на македонските бранители беше нападнат од заседа на патот меѓу селата Селце и Вејце на Попова Шапка, на 28 април 2001 година околу 17:45 часот.