САД воведоа санкции за првата дама на Венецуела и соработници на Мадуро
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска воведе финансиски санкции за лица блиски до претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, вклучително и неговата сопруга и потпретседтаелот на таа држава.
Санкциите се воведени поради обвинувања дека тие лица се вмешани во корупција. Меѓу санкционираните четири лица, се првата дама Силија Флорес, потпретседателот Делси Родригес, министерот за комуникации Хорхе Родригес и министерот за одбрана Владимир Падрино.
Запленет е и приватен авион вреден 20 милиони долари на човек зад кој стои претседателот на моќната Социјалистичка партија Диосдадо Кабељо.
САД досега воведоа санкции за десетина високи официјални лица, меѓу кои и Мадуро.