Ручи ги повика Албанците да гласаат „за“
Претседателот на албанскиот парламент, Грамоз Ручи ги повика Албанците во Македонија масовно да излезат и да гласаат „за“ на референдумот што ќе се одржи на 30 септември.
Како што оценил на средбата во Тирана, со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, позитивниот резултат на референдумот е многу значаен за европската иднина на Македонија и целиот регион.
– Политичките сили и институциите на централната и локалната власт предводени од Албанци треба да дадат јасна порака за поддршка на референдумот. Ние Албанците, сме важен фактор на стабилност не само за Македонија, туку и за целиот регион. Позитивно е дека албанските политички сили главно се за референдумот и тоа треба да биде проследено со поддршка од страна на албанските гласачи, изјави Ручи.
Тој додава дека улогата на општина Тетово е клучна за обезбедување на учеството на Албанците на референдумот и нагласува дека „Албанците не треба да ја изгубат оваа историска шанса“.
Градоначалничката Арифи го посочи фактот дека политичките сили и Албанците во Македонија го подржуваат референдумот и ќе гласот „за“.
-Успехот на референдумот на 30-ти септември го отвора патот за други позитивни промени во Македонија, кои имаат и ќе имаат поддршка и од меѓународниот фактор. Меѓународниот фактор, по ова прашање, како ретко до сега, ги подржува прогресивни сили во Македонија, кои вложуваат напори да ги решат проблемите, за просперитет, мир и стабилност во регионот, посочи Арифи.
Двајцата соговорниците искажале верба дека Албанците масовно ќе учествуваат на референдумот на 30 септември и оти нивниот глас ќе биде „за“.
Арифи му се заблагодарила на Ручи за подршката што Албанија и Собранието на оваа земја ја даваат во овие моменти за Албанците во Македонија.