Речиси 78.000 се откажеле од државјанство на БиХ


Од државјанство на БиХ досега се откажале речиси 78.000 лица, информираат босанските медиуми. Само минатата година се откажале 4.365 државјани на БиХ. Во првите повоени години годишно се откажувале од 6 до 8 граѓани, а во 2002 година таа бројка пораснала на 8.000.

Граѓаните најмногу се откажуваат од матичното државјанството за да стекнат со државјанство на државите од западна Европа.

БиХ има договор за двојно државјанство со Шведска, Хрватска и Србија.

Од БиХ изминатите четири години заминале околу 150.000 луѓе. Се очекува откажувањето од државјанство на БиХ да продолжи да расте и во следните години.