Рег Е.Кети од „Куќа од карти“ ја изгуби битката со ракот


САД- Американскиот актер Рег Е. Кети, ѕвездата на серијата „Куќа од карти“, во која го играше ликот Фреди почина на 60-годишна возраст.

Актерот, како што пренесоа светските медиуми, боледувал од рак на белите дробови.

Рег, помеѓу другото, играл и во одличните серии како што се „Оз“, „Закон и ред“, „Грим“, „Жица“ и други.

Рег во 2015 година ја освои престижната награда „Еми“, и тоа токму за улогата на сопственикот на ресторан Фреди Хејс во „Куќа од карти“, а благодарение на таа улога уште три пати беше номиниран за наградата.

Многубројни колеги на социјалните мрежи се простуваат од Рег, а меѓу нив е и славниот Самуел Л. Џексон.

„Скршен сум од губитокот на Рег. Брилијантен актер, хуморист и пријател! Незаменлив“, напишал Џексон.

Најпознати филмови во кои Рег играл се „Маска“, „Седум“, „Фантастичната четворка“ и Америсканскиот „психо“.