Радовишанец вработен во рудник починал од струен удар


Вработен во рудник во Радовиш, на возраст од 59 години, починал од струен удар вчера, откако изведувал работи на трафостаница, пренесува МВР.
„На 13.03.2019 во 14.20 часот во Полициска станица Радовиш од Итна медицинска помош било пријавено дека вработен во рудник во Радовиш, А.Р.(59) од село Воиславци, додека изведувал работи на трафостаница го удрил струен удар, по што починал. Увид на местото извршиле Јавен обвинител, трудов инспектор, инспектори од Државен инспекторат за електрика и опрема во рударството и екипа на Полициската станица Радовиш. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.