Пучдемон го одби предлогот на Мадрид да прима пензија од 112 илјади евра годишно


ШПАНИЈА- Карлес Пучдемон одби да прима пензија од Мадрид, која законски му следува во износ од 112 илјади евра годишно, односно треба да ја добива како поранешен претседател на Каталонија. Ова го објавија светските медиуми. Претходно, шпанскиот министер за финансии Кристобал Монторо му дал рок од 10 дена на поранешниот лидер на Каталонија да одлучи дали ќе поднесе барање за пензија.

Според каталонскиот закон, Пучдемон може да добие 80 отсто од неговата плата за четири години – околу 112 илјади евра годишно. Според извори на агенцијата, Пучдемон одбил да аплицира за пензија, бидејќи сè уште себеси се смета за лидер на Каталонија. Во исто време, неговата сепаратистичка партија размислува за преговори со шпанската држава, одбивајќи еднострана пауза.