Пријавете непрописно паркирано возило на Кеј


Граѓаните кои ќе забележат непрописно паркирано возило на Кеј, можат да пријават во ЈП „Градски паркинг“ на 071-230-655, по што ќе биде испратен пајак да го отстрани возилото, информираат од Град Скопје.

Токму вчера надлежните интервенираа на неколку локации на Кеј, а најмногу кренати возила имаше од под мостот „Гоце Делчев“. Ангажирани беа „пајаците“ на ЈП „Градски паркинг“ и ЈП „Паркиралишта на Општина Центар“. По вчерашната акција, под мостот денеска нема ниту едно непрописно паркирано возило.

„Градот Скопје ги известува граѓаните дека и во иднина нема да толерира непрописно паркирање и узурпација од возила на кејот на реката Вардар“, додаваат од Градот и апелираат до граѓаните да ги почитуваат прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места.