Пред најважната филмска ноќ на 4 март: Номинираните за „Оскар“ се дружеа на ручек во Холивуд


САД – Деведесеттите „Оскари“ ќе се случат за нецел месец, но номинираните веќе ги имаа своите проби на фустани во Лос Анџелес на годинешниот ручек на номинирани за „Оскар“.

На коктелот, ручекот и фотографирањето во хотелот „Беверли Хилтон“ се собраа над 150 номинирани за да ја прослават огромната чест пред свеченото врачување на златните статуетки на 90. доделување на наградите на Академијата за филмска уметност и наука, на 4 март. Недостасуваа познати имиња меѓу кои и срамежливите актери Даниел Деј Луис и Френсис Мекдорманд, како и Дензел Вашингтон, Роџер Дикинс, Џон Вилијамс, 88-годишниот Кристофер Пламер, кој е номиниран за најдобра споредба улога за „Сите пари на светот“ (најстариот номиниран актер на сите времиња) и 90-годишниот Џејмс Ајвори. Номиниран за најдобро сценарио на филмот „Викај ме по твоето име“ (најстариот номиниран во оваа категорија).
Агнес Варда, 89-годишната корежисерка за најдобар документарец „Лица и места“, не успеа да пристигне од својот дом во франција, но нејзиниот дух беше јасно присутен. Или со други зборови, нејзиниот лик, со мачка во рацете, беше испечатен на картон и донесен од страна на нејзиниот корежисер и познат артист.
Тие што беа присутни се социјализираа, правеа селфи-фотографии, јадеа заедно (режисерот на „Пост“, Стивен Спилберг, седеше до ѕвездата на „Лејди Брд“, Грета Гервиг, додека Џордан Пил од филмот „Излези“ се дружеше со Вилијам Дефо од „Флорида проект“ на друга маса), и ги споделија своите искуства од настанот како номинирани за наградите „Оскар“.
Повеќето номинирани признаа дека во јануари ги следеле номинациите од своите кревети бидејќи мнозинството живеат во Лос Анџелес, додека Академијата ги откри номинациите рано наутро од источниот брег на утринските вести.

„Си го наместив алармот за 5:36“, рече режисерот на „Икар“, Брајан Фогел, кој како своја придружба го донесе 5 пати номинираниот Френк Маршал. Косценаристот на „Катастрофален артист“, Скот Нустадтер, го разбудил своето 5-годишно дете за да гледаат заедно од креветот.
Дефо, кој веќе бил станат и раздвижен низ Њујорк, бил изненаден кога видел дека тој е единствениот претставник на неговата висококоритачка драма, „Флорида проект“.

„Многу сум среќен, но многу посакував и самиот филм да добие повеќе љубов“, рече актерот, кој го донесе косценаристот и режисер Шон Бејкер како негова придружба. „Мислам, со 10 места навистина мислев дека ќе се најдам на уште едно“.
Првпат номинираната Кумаил Нанџиани и Емили В. Гордон, сопружници и коавтори на „Биг Сик“ мораа да причекаат со прославата на нивната номинација бидејќи тој тој беше на снимање на „Силиконска долина“, а таа била ангажирана со пишување. Но тие успеале да отидат на хамбургери и компирчиња (за да не дојде до забуна со популарната вечера каде што Кумаил јадеше прокељ откако го изгуби облогот со неговиот добар пријател, режисерот Едгар Рајт).
Девет пати номинираната легенда Дајен Ворен (која ја напиша номинираната песна „Stand Up for Something“ за „Маршал“), држела среќа дека ова конечно ќе биде нејзина година, сѐ додека не се соочила со конкуренција во категоријата, како што е баладата „Remember Me“ од анимираниот „Коко“ од „Дизни“ и „Пиксар“. Ворен рече дека таа ја слави секоја нејзина номинација, како што воедно прави и Октавија Спенсер, која победи во 2012 година за „Помош“ и која третпат е номинирана за „Обликот на водата“. „О да, душо“, одговори таа откако ја прашаа дали е надреално што повторно си го чула името на утринските објави.
Имаше неколку необични, но сепак веднаш препознатливи лица номинирани за „Оскар“ што беа присутни на настанот. Меѓу нив беше и НБА-ѕвездата Коби Брајант, кој го продуцираше номинираниот анимиран краток филм „Драга Кошарка“.„Малку сум испаничен во моментов“, кратко изјави Брајант на црвениот тепих и позирањето со Алисон Џени и продуцентот на „Коко“, Дарла К. Андерсон.