По пресудата за Груевски, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ излегоа од собраниската седница
По изрекување на пресудата за поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за случајот „Тенк“, пратениците од оваа партија ја напуштија 46-та пленарна седница што е во тек.
Засега нема официјална информација дали поради пресудата тие ја напуштија собраниската седница.
Претходно Собранието не ги изгласаа измените на Законот за акцизите, предложен токму од опозицските пратеници, со кои се бараше враќање на старата цена на дизелот.
Пратениците од владејачкото мнозинство кои останаа во салата го ислушаа обраќањето на народниот правобранител Иџет Мемети кој го презентираше Годишниот извештај за неговата работа.