Почна средбата Заев – Мицкоски


Пред петнаесетина минути во Владата вечерва почна средбата на премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На лидерската средба, како што најави претходно премиерот Заев, ќе се разговара за претстојните претседателски избори, реформските закони и се што е во интерес на државата.

„Мене ми е значајно да разговараме за претстојните претседателски избори, за евроинтеграцискиот процес на нашата земја заради тоа што дури и НАТО не е завршено сè уште, изјави вчера Заев.

Покрај претседателските избори и реформските закони, изјави Мицкоски, ќе се разговара и за Предлог законот за Специјалното јавно обвинителство (СЈО) кој го добиле во работна верзија, а ќе го отвори и прашањето за предвремени парламентарни избори.