Поранешен директор на УБК: Смешно беше како сите си ја префрлаат вината за бегството на Груевски
Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Митевски, во емисија на една телевизија, истакна дека УБК од осамостојувањето на државата е постојано под притисок.
„Од 1991 година, па се до денеска, како се менуваат политичките гарнитури, секогаш постои притисок кој се манифестира на различни начини врз УБК, односно да се злоупотребува следењето на комуникации за партиски потреби. Од 2014/15 до сега тоа било најмасовно. Сите бевме сведоци на префрлање на обвинувањата за тоа кој е виновен за бегството на Груевски, а целата таа ситуација беше смешна“, истакна Горан Митевски.