Полицијата пронајде рачна бомба, пушки и пиштоли во домот на кичевчанец


На 11 јануари 2018 година во Кичево во домот на С.Ѓ. (49) од страна на полициски службеници од Полициската станица-Кичево, по наредба од Основен суд–Кичево извршен е претрес во неговата куќа.

Притоа бил забележан неговиот син Ј.Ѓ. како во патничко моторно возило „Чироки“ со кичевски регистарки ознаки става огнено оружје.

Од страна на полициските службеници извршен е преглед во возилото, при што пронајдени и одземени се три пиштоли, една автоматска пушка, една полуавтоматска пушка, ловна и воздушна пушка, рачна бомба, една граната за светлосен сигнал, една звучна граната, топовски удар, повеќе рамки за автоматска и пиштолска муниција и околу 270 парчиња пиштолска и автоматска муниција.

Ј.Ѓ. е лишен од слобода и однесен во Полициската станица-Кичево , а од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.