Политичка криза: Малдиви прогласи вонредна состојба


Владата на Малдиви прогласи вонредна состојба поради политичката криза, што изби откако претседателот Јамин Абдул Гајум не ја испочутува судската наредбата за ослободување на лидерот на опозицијата Мохамед Нашид.

Министерката за правда Азима Шакур во обраќањето на националната телевизија објави дека во земјата е воведена вонредна состојба.

Врховниот суд на Малдиви минатата недела нареди ослободување на опозицискиот лидер Нашид, што предизвика тензии помеѓу судот и претседателот Гујам. Кризата се прелеа на улиците, во вид на насилни протести во главниот град Мале. Полицијата употреби солзавец врз демонстрантите кои се обидоа да влезат во зградата на Парламентот.

Шакур посочи дека не верува оти може да се примени одлуката на Врховниот суд.