Османи во посета на Кралството Шпанија
Во рамки на посетата, тој ќе се сретне со министерот за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Кралството Шпанија, Луис Марко Агуириано Налда, кој ја претставува земјата во Европската Унија.
На средбата, како што информираат од Секретаријатот за европски прашања, ќе бидат отворени теми за билатералните односи меѓу двете земји, особено во насока на поддршката од страна на Кралството Шпанија за европските интеграции на Република Северна Македонија, во пресрет на претстојните јунски самити на Европската Унија.
Фото: Б. Грданоски