Објавен меѓународен тендер за набавка на нископодни еко-автобуси
Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ денеска соопшти дека е објавен меѓународниот тендер за набавка на нископодни еколошки CNG автобуси.
– Постапката ќе се одвива во согласност со правилата и процедурите на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), со чија позајмица ЈСП Скопје ќе ја реализира набавката, се вели во соопштението.
Заинтересираните фирми повеќе информации можат да добијат на линкот https://ecepp.ebrd.com/delta/
Тендерската документација е бесплатна.