ОБСЕ ја осуди Турција за притворање на критичари на власта
Претствникот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за слобода на медиумите Арлем Десир ги осуди турсите власти поради затворање на стотина луѓе, кои на социјалните мрежи ја критикуваа турската воена операција во сириската провинција Африн.
– Притворање поради изразување на ставови на социјалните мрежи, вклучително и за воените операции, е неприфатливо. Барам од властите (на Турција) да престанат со таквата пракса, истакна Десир.
Според официјални податоци на Министерството за внатрешни работи на Турција, 449 лица се притворени под обвинение дека на социјалните мрежи пропагирале тероризам.
Турските медиуми објавија дека обвинетите се пуштени на слобода, под услов да не ја напуштат Турција и да не возат автомобил.
– Слободата на изразување мора да се почитува, дури и во случај на војна и судири, наведе Десир.