Обезбедувач во „Телеком“ пронајден мртов на работно место


Лицето М.Ц. (46) од Охрид синоќа бил пронајден мртов пред објектот на „Македонски телеком“ за кој бил задолжен да го обезбедува. Неговото безживотно тело го пронашол вработен во Телеком – Охрид и случајот го пријавил во полицијата.

Од страна на доктор од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство.

Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.