Новинарот Марјан Танушевски добитник на наградата на Битолски весник „Тоде Петрески“


Новинарот, дописник на државната новинска агенција МИА од Битола, Марјан Танушевски, е добитник на годинашната награда на Битолски весник „Тоде Петрески“.

Одлуката ја донесе денеска редакцијата на Битолски весник, која веќе 14 години посмртно ја доделува наградата во чест на починатиот новинар и дописник од Битола, на Радио Скопје, Тоде Петрески.

Редакцијата на „Битолски весник“ наградата во чест на прерано починатиот новинар на Радио Скопје, Тоде Петрески ја доделува за новинарство со посебен акцент на репортажата.

Марјан Танушевски наградата ја добива за серијата репортажи објавени во својата матична куќа МИА како што се „Првиот наставен час на современ македонски јазик во средното образование“, „Несовесно трошење – хартијата во предност наспроти компјутерот“, „Еврејските огништа во Битола“, „Гимназискиот Дневник на Кемал Ататурк“, „Дрвените играчки на Благоја – Секуловски од село Журче“, „Велушина – село со девет цркви и ретки икони од 18 век“.