Непознато лице нападнало возач на ЈСП


Возач на автобус со број 19 вчера напладне додека возел бил физички нападнат од непознато лице.

МВР соопшти дека возачот имал 54 години, а нападот се случил  додека автобусот сообраќал по булеварот Партизански одреди.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.