Неготино: Утврдени пропусти кај наставници во училиштето кадешто се случи тепачка


Утврдени се некои потфрлувања во однос на работењето на одделни одделенски раководители, кои педагошката евиденција ја воделе со пропусти. Ова го покажал увидот на просветната инспекција во неготинското основно училиште “Гоце Делчев”, откако две ученички нападнаа трета во дворот на училиштето.

– Педагошката евиденција ја воделе со пропусти. Се мисли на пропусти при регулирањето на изостаноците, од страна на одделни одделенски раководители. Тие требало да достават предлог до соодветните органи во училиштето, за изрекување соодветни педагошки мерки. По извршената инспекција ќе го сторат тоа, со цел позитивно да се влијае врз однесувањето на учениците и да се постигне поголемо чувство на одговорност и спречување на негативно и асоцијално однесување, велaт за МИА од Министерството за образование и наука.

Оттаму додаваат дека од страна на училиштето ќе бидат преземени соодветни мерки за надминување на состојбите.