Неговото витештво го има на „Дискавери“, во Крушево му немаше спас


Велика Британија жали по Инес Пауел (54), параглајдеристот, кој заедно со Украинецот Игор Волов (56) загина во петокот во Крушево. Престижниот ББС објави текст под наслов „Британски херој загина во несреќа во воздух во Македонија“. Во неа се вели дека Пауел имал децениско искуство во летањето, ги подучувал помладите, а во 2008 година му спасил живот на колега. Неговото витештво го има во една од епизодите на серијалот „Вистински херои“ што се емитува на „Дискавери“. Тие што го познаваат имаат само пофални зборови за Пауел. Очевидци тврдат дека во петокот, на последниот ден од натпреварувањето во Крушево, двајцата параглајдеристи се судриле во воздухот, успеале да се отргнат, но само за кратко. Вториот судир бил фатален. Британецот не успеал да го отвори резервниот падобран. Обвинителството отвори истрага и ги истражува причините за несреќата.
Фото: ББС