На работно место се повредиле рудар и работник


Двајца работници се повредиле на работно место, едниот рудар, а другиот работел на машина.
Во утринските часови во вторник, во Полициска станица Пробиштип, од Итна медицинска помош било пријавено дека во 2.55 часот кај нив бил донесен Б.Б.(56) од село Злетово, пробиштипско, кој се здобил со повреди при работа во рудник „Булмак“ во Пробиштип. Тој бил пренесен во болница во Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во понеделникот, околу 14.50 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во село Топлица, општина Врапчиште, Н.Ј.(59) од село Долна Баница, управувајќи работна машина се здобил со тешки телесни повреди. Н.Ј. бил пренесе во комплексот клиники „Мајка Тереза“- Скопје. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар.