На Гинекологија се роди најголемото бебе, тешко 5.700 гр


Минатиот месец на Клиниката за гинекологија со спонтано породување се роди најголемото бебе родено во државата, момче тешко 5.700 грама, а долго 55 сантиметри.
Како што инфомираат од клиниката, ова е второ бебе во семејството, испишано е од болница во добра општа состојба.