На Богородица и Табановце се чека до 30 минути
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини Богородица и Табановце се чека од 15 до 30 минути за влез и излез од државата, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.
Од АМСМ посочуваат дека на останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Во соопштението додаваат дека се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација, посебно во клисурите и засеците каде е можна и појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.