Најдени 50 килограми марихуана во Охридското Езеро


Во петокот, околу 20 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Франгово“, при обиколка, кај одводeн канал на брегот на Охридското Езеро, во село Калишта, пронашле четири најлонски вреќи со околу 50 килограми марихуана.

Пронајдените вреќи биле подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.