Можноста за војна на САД со Северна Кореја се поголема


Можноста од војна против Северна Кореја е сѐ поголема секогаш кога Пјонгјанг ќе лансира ракета или ќе тестира нуклеарна бомба, оцени  влијателниот американски сенатор Линдзи Греам.

„Доколку има подземни нуклеарни тестирања, треба да се подготвиме за многу сериозен одговор на САД“, предупредува сенаторот Линдзи Греам во разговорот за телевизиската мрежа CBS News.

Сенаторот се надоврза на изјавите од саботата на советникот за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, генералот Ејџ Ар Мекмастер кој изјави дека секој ден е сѐ поголема можноста од војна со Северна Кореја. „Забрзано бараме решение за овој проблем“, изјави генералот.

Северна Кореја минатата седмица лансираше интерконтинентална балистичка ракета од типот „Хвасонг 25“, којашто за 53 минути лет достигна 950 километри и достигнувајќи височина од 4.475 километри, што значи дека може да погоди која и да цел на американскиот континент. Покрај тоа, Пјонгјанг објави дека овој проектил може да понесе тешка нуклеарна боева глава и објави дека Северна Кореја станала „потполна нуклеарна сила“.