Мијалков: Не бегам, ќе си ја одлежам казната


Осудениот Сашо Мијалков, кој за случајот „Титаник 2“ за изборни нерегуларности доби казна од три години затвор, а за него обвинителката Фатиме Фетаи побара одредување притвор, рече дека нема да бега, и дека ќе ја одлежи казната.
„Нема потреба од притвор, нема да избегам, а ако повисокиот суд ја потврди казната, ќе си ја одлежам“, рече Мијалков.
Судот е на пауза од 15 минути, а по враќањето треба да каже дали одлучил да ги прифати барањата за мерки за обезбедување за осудените од случајот „Титаник 2“. Фетаи побара притвор за Бедредин Ибраими и за Мијалков, а за другите четворица обврска да се јавуваат во судот.