Миле Паника прогласен за заслужен граѓанин на општина Карпош
На предлог на градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, за заслужен граѓанин за идната година советниците го изгласаа Бранко Огњановски, познат како Миле Паника, кој освен што е долгогодини граѓанин на Карпош е и еден од најафирмираните сатиричари кај нас, соопштија од Општината.
Огњановски, заедно со Васко Тодоров и Љупчо Бубо Каров е еден од основачите на К-15, многу популарно македонско хумористично телевизиско шоу кое започна во средината на 1990-тите години и веќе не се емитува. Огњановски сега стои зад новата ТВ емисија „Фчерашни новости“ што се емитува на Канал 5.