Милан ќе го продолжи договорот со Џенаро Гатузо


Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, кој има договор со клубот до летото 2019 година, најверојатно ќе остане за уште една година.

Навивачите на Милан воопшто не се сомневаат дека Гатузо заслужува продолжување на договорот, но тоа мислење го дели и управата на клубот.

– Многу сме задоволни од неговата работа. Сето ова е далеку над очекувањата и сигурно ќе најдеме време да поразговараме за неговата иднина. Очекував од него да биде ваков, но сум импресиониран како раководи со натпреварите. Го чекаат големи тренерски постигнувања, наведе извршниот директор на клубот, Марко Фасоне.

Гатузо го презема Милан во период кога имаше големи проблеми, но успеа да го врати на победнички стази и „росонерите“ сега се фактор во борбата за врвот на табелата.