Меркел: Сакаме договор за Брегзит, но не по секоја цена
Германија сака истапувањето на Велика Британија од ЕУ на 29 март следната година да биде уредно со договор, но не по секоја цена, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.
Говорејќи на Конференцијата на германските извозници во Берлин, Меркел истакна дека се надева оти ЕУ и Велика Британија ќе постигнат договор за Брегзитот, иако во овој момент тоа изгледа многу тешко.
– Не смееме да дозволиме нашиот заеднички пазар, кој е наша конкурентна предност, да биде уништен со истапувањето (на Велика Британија), истакна Меркел.
Таа нагласи дека за постигнување на договор за Брегзитот мора да се усогласат некои финеси.
– Доколку не успееме оваа недела, мораме да продолжиме да преговараме. Тоа е сосема јасно, но времето не притиска, додаде Меркел.
Брисел и Лондон се надеваат дека договорот за Брегзит ќе биде усогласен до Самитот на ЕУ што ќе се оджри следниот месец.
Британскиот секретар за надворешни работи Џереми Хант денеска изјави дека и натаму има отворени прашања околу договорот. но сепак оцени дека „со добра волја“ е можно постигнување спогодба што ќе ги задоволи сите страни.