,,Маркови кули‘‘ ќе влезе во постојаната листа на УНЕСКО ?


Општина Прилеп се подготвува да аплицира со локалитетот „Маркови кули“ за влез на постојаната листа на заштита на УНЕСКО, бидејќи моментално се наоѓа само на привремената.

На јавната расправа се донесе Нацрт-планот за управување за ова заштитено подрачје, којвсушност беше главна кочница за влез во листата на УНЕСКО.

Во подготовка на планот се вклучиле научници од Природно-математичкиот факултет и Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје, Природонаучниот музеј на Македонија, Институтот за старословенската култура од Прилеп и Друштвото за заштита на природата на Македонија.

Причините за овој потег се честите уништувања на локалитетот и потребата од негова поголема заштита. Покрај локалитетот и природата околу него, би се заштитиле и културните содржини – тврдините, манастирот Трескавец, манастирот во Варош и многубројните цркви во населбата.

Засега едиствен регион во Македонија заштитен под УНЕСКО е Охрид.