Марина Туцаковиќ: Авторката на најголемите регионални поп-хитови се бори со канцер
Марина Туцаковиќ, славната авторка на најголемите домашни хитови, се лекува на Институтот за онкологија и радиологија на Србија.
Како што јавуваат белградските медиуми, Марина веќе неколку недели се лекува на Институтот за онкологија и радиологија во Србија. Марина се лечи од рак, и како што вели изворот“Сите на Институтот максимално се трудат да и помогнат на Марина и максимално да и ги олеснат тешките денови и битката за живот”, вели соговорникот.
Марина прима терапија и сите се надеваат дека таа ќе ја победи болеста и ќе излезе како вистински херој. здравствената состојба на познатата авторка е прилично лоша.
Шеесет и петгодишната Туцаковиќ е автор на огромен борој хитови кои ја одбележаа екс-ју сцената. Таа ги напиша песните „Ти си жеља мог живота“ за групата „Магазин“, за Оливер Драгојевиќ ја напиша „Што то бјеше љубав“, за Мишо Ковач „Мало ми је један живот с тобом“ и „Сви пјевају, ја не чујем“ , за Северина „Гас, гас“, „Гаде“ и „Тридесете“ и многу други.
.