Макрон: Ја губиме битката против климатските промени
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Париз истакна дека светот ја губи битката во борбата против климатските промени.
– Не реагираме доволно брзо. Сите мораме да дејствуваме, рече Макрон во обраќањето на Самитот за климатски промени „Една планета“ во Париз,
Макрон побара да се даде нова енергија во напорите за справување со климатските промени, кои се ослабени со повлекување на САД од Парискиот договор за климата.
На Самитот во Париз, кој се одржува по повод двегодишнината од склучувањето на Договорот за климата, не присуствуваат претставници на американските власти.
Повеќе од 200 институционални инвеститори кои имаат ресурси вредни 26 трилиони долари, денеска се обврзаа дека ќе извршат притисок врз големите корпорации да преземат мерки во борбата против климатските промени.