Лејдис најт во „Синеплекс“: Подгответе се за најлудата дружба со г-дин Греј


Подготвени за свадбата на годината? Последното поглавје од „Педесет нијанси ослободени“ од денес е во „Синеплекс“. Драги дами, ви го претставуваме најголемиот Ladies Night во Cineplexx! Подгответе се за најлудата и најсекси дружба со г-дин Греј.

Оваа кино недела ја започнуваме со филмскиот феномен…ни пристигнува последното поглавје „Педесет нијанси ослободени“, филмот кој со претходните два дела од 2015 и 2017 година надмина заработка од 950 милиони долари на светските благајни.

Во фоајето на Cineplexx овековечи го овој момент вреден за паметење со специјална фото акција…сите дами таа вечер ги очекува несекојдневна поставка.

Дали сте подготвени за прв пат да влезете во темната соба на Кристијан Греј и лудо да се забавувате? Пријателите на киното ќе се погрижат за ова незаборавно искуство.

Главните актери од филмот Дакота Џонсон и Џејми Дорнан веќе ја започнаа светската промоција на последниот дел од трилогијата „Педест нијанси“- „Педесет нијанси ослободени“.

Авторката на книгата и продуцент Е. Л. Џејмс беше и се уште е изненадена од

длабочината на емоции кои произлегуваат од фановите на Анастасија и Кристијан. Таа

објаснува: „Првите две книги беа напишани како една приказна, и застанав кај предлогот за

брак и помислив: ова е одлично, ги поставив на добро место. Но, самите фанови ме

охрабруваа и бараа да напишам повеќе. Се сеќавам додека бев на одмор ја слушав верзијата

на Макл Бубле „Никогаш нема да најдеш некој како мене“, повторно и повторно. Се

помислив: Застани и помисли една секунда. Ако планираш да пишуваш повеќе, што би

пишувала?“.

„Знаев дека единствено нешто што можам да направам е Ана да биде бремена и да ја

види реакцијата на Кристијан, која патем не е добра.“ Таа продолжува, „Знаев дека тоа е

насоката на приказната. Затоа почнав да ја пишувам третата книга – да го видам него тотално

преплашен, бесен во моментот кога таа му објавува дека е бремена. Тој е шокиран бидејќи е

преплашен од самата помисла.“

По трети пат се појавува во улогата на Анастасија Греј, Дакота Џонсон за филмот

изјавува: „Ова е епска љубовна приказна, но даваме се од себе да ја задржиме едноставна.

Тоа е една од оние необјаснети релации помеѓу двајца луѓе која е комплетно неспорна. Преку

овие приказни, главните протагонисти се соочени со ситуација која бара од едниот од нив да

се покори на нивните желби и да ја адаптира својата верзија за љубов“.

Од друга страна Џејми е поеднакво фасциниран од пресвртот и личните предизвици

кој со кои се соочува неговиот лик. Тој вели: „Реакцијата на Кристијан откако Ана му кажува

дека е бремена никако не е позитивна. Тоа е буквално реакција која најмалку очекуваш да ја

добиеш кога партнерот ќе ти го изјави тоа. Тој се чувствува дека не е во позиција да биде

добар татко. Бебето е последното нешто што му треба во моментот. Емотивно чувствува дека

кога веќе имал така ужасно детство, зошто би бил тој подобар? Тоа го преплашува.“

Премиерата на филмот е закажана за денес. Филмот денес ќе се прикажува

во вкупно 21 термин. Интересот е огромен и за сега се продадени над 1.800 билети за премиерните проекции.