Кочани: Ја убил сопругата, па скокнал во смрт
Убиство и самоубиство утрово го потресоа Кочани. Во 3.30 часот дошло до семејна расправија, по што Б.Л. со нож ја нападнал сопругата, а потоа, откако увидел дека таа сеуште покажува знаци на живот, почнал да ја удира со чекан по глава додека не ја усмртил. Крвавиот инцидент се случил пред очите на нивните две деца: 26-годишна ќерка, која се обидела да го спречи татка си и 13-годишен син, кој се засолнил кај соседите.
„Во тој момент, таткото се искачил на покривот од семејната куќа и од висина од околу шест метри скокнал при што починал на лице место. По пристигнување на екипа на брза помош, констатирана е смрт кај двете лица. Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид на лице место заедно со екипа на крим техника од Министерството за внатрешни работи. Во насока на утврдување на фактите и расветлување на настанот, издадени се Наредби за прибирање и вештачење на траги од лице место, за анализа на крв и урина од починатите и за вршење на обдукција на телата на починатите.“, соопшти Основното јавно обвинителство.