Книгите на Гијом Мисо најпродавани во Македонија за 2018.
КупиКнига.мк, најголемата електронска книжарница во Македонија, ја објави листата на 20-те најпродавани книги во 2018 година. Читателите повторно го ставија на првото место авторот Гијом Мисо.
Четврта година по ред книгите на Мисо се најактуелни на КупиКнига.мк.
– Секоја година се трудиме да ги задоволиме сите вкусови и да ја збогатиме нашата понуда со
најразличен жанр. Нудиме одлична опција за подароци за празниците, за безброј различни вкусови и
желби. Има ли нешто подобро од тоа да подариш книга и таа да стигне каде и да посакаш во светот и да донесе огромна радост затоа што ова е подарок кој не ја губи својата вредност, изјави Елена
Темелковска, Оперативен менаџер на iVote.
Целосна листа на топ 20 најпродавани книги во 2018 година:
1. Ако не постои утре – Гијом Мисо
2. Девојката од Бруклин – Гијом Мисо
3. Т.е. љ.у.б.а.м. – тоа е вистината – Александар Алексов
4. Девојката и ноќта – Гијом Мисо
5. Апартман во Париз – Гијом Мисо
6. Математика 4, Збирка задачи со тестови и активности – Јадранка Клисарова
7. Точка на измама – Ден Браун
8. Во еден момент – Гијом Мисоо
9. Ноќ и ден – Вирџинија ВУЛФ
10. Душокршачот – Себастијан Фицек
11. Мојата македонска приказна: каде одиш, Македонијо! – Љубчо Георгиевски
12. ЦРНА КАКО АБОНОС – Сала Симука
13. Приказната на робинката – Маргарет Атвуд
14. Тори и принцот-змија – К.В. Јохансен
15. Крадец на воздишки – Александар Алексов
16. БЕЛА КАКО СНЕГ – Сала Симука
17. Совршената замена – Грир Хендрикс
18. Куферот од Берлин – Јелена Бачиќ Алимпиќ
19. Благодарам – Ана Салтирова Давидовски
20. Понекогаш лажам – Алиса Фини