Кина за две години укинала 13.000 интернет страници


Од почетокот на 2015 година, Кина укинала 13.000 интернет страници, под обвинение дека ги прекршиле законите и други владини правила.

Покрај 13.000 интернет страници, деактивирани се и 10 милиони кориснички профили, претежно од социјалните мрежи.

Во истиот, двегодишен период, повеќе од 2.200 сопственици на интернет страници се повикани на информативен разговор.

Анкетите во Кина покажуваат дека повеќе од 90 отсто од Кинезите ја поддржуваат владината регулација на интернетот, а речиси две третини од луѓето сметаат дека дошло до значително намалување на штетната содржина на интернет.