Каролина во нова модна кампања


Поп-ѕвездата Каролина Гочева е новото заштитно лице на модната групација „Магнетик“. Првата фотосесија е за брендот „Марела“.

Каролина носи парчиња за жена која го има изградено својот стил, која е динамична, позитивна и посебна, која го отсликува италијанскиот стил во буквална смисла.

Фотосесијата е во пресрет на седумте концерти на поп-ѕвездата во МОБ, почнувајќи од 23 февруари на кои ќе го претстави новиот албум „Извор“.