Камила контра Трамп: Хавана е прекрасна


Куба– Британскиот принц Чарлс и неговата сопруга Камила се воодушевени од убавините на Хавана, за време на првата официјална повеќедневна посета на Куба, во рамките на турнејата низ Карибите.

Со посетата отворено е покажано несогласувањето на британското кралско семејство со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп околу економската изолација на оваа комунистичка земја.

Наследникот на британскиот престол положи и венец на споменикот на херојот на колонијалната независност Хосе Марти.

Британската кралска двојка вечераше со кубанскиот претседател Мигел Дијаз Канел, а посети и историски локалитети, соларен парк, фарма за органско производство, биомедицинско-истражувачки центар и друго.