И Македонија против одлуката на САД за Ерусалим


Македонија е меѓу 128 земји кои гласаа „за“ Резолуцијата со која се повикуваат САД да го повлечат признавањето на Ерусалим за главен град на Израел. „Против“ беа 9 земји, а 35 не гласаа. Од 28 земји од Европската унија, 22 ја поддржаа Резолуцијата, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија.

Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли, се закани претходно дека САД „ќе го запамети денот кога биле нападнати во Генералното собрание на ОН само затоа што го оствариле своето право како суверена земја“, нагласувајќи дека никакво гласање во ОН нема да ја промени американската одлука за Ерусалим.