Илон Маск за еден час заработува 900.000 долари
Вредноста на неговата компанија „Тесла“ се зголеми минатата недела за 11 отсто. Некои проценуваат дека Илон Маск заработил 1,43 милијарди долари. Во интервју за „Њујорк тајмс“, Маск зборувал за својот работен план, а пријателите одамна го советуваат да земе одмор. Слободна недела немал од 2001 година кога заболел од маларија, а имало периоди кога по три-четири денови не излегувал од фабриката.
Маск станал нов симбол за воркохолик, бидејќи на свадбата на својот брат присуствувал само неколку часови, а потоа се вратил во компанијата за да одржи состаноци.
Се претпоставува дека Маск е „тежок“ 23 милијарди долари, бидејќи неговите примања во SapceX не се познати. Имајќи предвид дека просечно работи 17 часови дневно, а во текот на десет години заработил 55,8 милијарди долари, тоа значи дека еден негов час вреди околу 900.000 долари.