ЗОИ 2018: Ставре Јада последен во квалификациите на спринтот
Симболичен беше денешниот настап на Ставре Јада, првиот Македонец кој се појави на Зимската олимпијада во Пјонгчанг. Јада се појави на стартот на квалификациската трка спринт класично на 1,4 км. и заврши на 80.место.
Македонецот на целта стигна со време 4:23.85 минути, односно 1:15.31 минута побавно од првопласираниот.
Најдобро време во квалификациите оствари Ристомати Хакола – 3:08.54 минути.
Пласман во следната фаза обезбедија најдобрите 30 спринтери.