Зделки за 12 милијарди долари беа договорени за време на посетата на Трамп на Виетнам


За време на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Ханој, виетнамски и американски компании потпишаа договори вредни 12 милијарди долари.

Во договорите се вклучени и зделките со двете најголеми виетнамски авиокомпании – „Виетнам ерлајнс“ и „Виетџет ер“. Договорите се во висина од 2,1 милијарди долари.

Трамп на средбата со виетнамскиот премир Нгуен Суан Фук предложи Ханој да купи американски ракети и друга воена техника.

– Ние ја произведуваме најдобрата воена техника и авиони, посочи Трамп пред да замине за Манила на Самитот на Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН).