Затвореник во „Идризово“ починал откако се обидел да се обеси
Како што соопшти МВР, вчера вработен во Казнено поправна установа „Идризово“ пријавил дека околу 15 часот во КПУ „Идризово“ затвореникот Г.Н.(45) од Кавадарци, се обидел да се обеси со ремен, но од страна на други затвореници ременот бил отстранет. На пат кон комплекс клиники „Мајка Тереза“ Г.Н. починал.
За случајот бил известен јавен обвинител, кој наредил обдукција на телото на починатиот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.