Заев бил прислушуван под псевдонимот Зо За


Псевдонимот под кој се водел Зоран Заев при нелегалното прислушување бил „Зо За”,  откри во текот на денешното сведочење во Кривичниот суд  Зоран Костовски во случајот Таргет-Тврдина.
Хард-дискот СЈО го зело од канцеларијата на Звонко Костовски во УБК, а од кој Костовски на 5-6 цедиња преснимувал разговори на Заев. Снимањето на разговорите Костовски, како што појасни обвинителката, го правел по наредба на Горан Грујевски.
Адвокатите на Сашо Мијалков реагираа дека сведокот Костовски не смее да го презентира доказот. Адвокатот Љупчо Шврговски истакна дека овој доказ бил користен против Костовски, како обвинет во случајот „Пуч“, па сега било недозволено истиот доказ да го коментира.
Судот го одби неговиот приговор и дозволи доказот да биде презентиран.
Костовски појаснуваше технички податоци, односно кој од броевите на соговорниците бил таргетот, во колку часот бил разговорот итн. Тој истакна и дека Заев бил прислушуван под псевдонимот Зо За.

Костовски е еден од свиркачите од МВР кои ги изнесоа бомбите и го открија прислушувањето.